Friday, December 3, 2010

РРОМА истражување во Виница

"СИДА-та не знае да дискриминира ... Заштитете се!"

Локација: Општина Виница, Ромска заедница, Средно училиште „Ванчо Прќе“

Целна група: Млади и Возрасни од РЗ (Ромската заедница) и ученици во средното училиште на возраст од 16 до 50 години.

Испитаници: 78, анкетирани со анкетен прашалник.

Просечна возраст: 20 години*. *89 % од вкупнииот број на испитаниците ја наведоа својата возраст.

Полова струкутура на испитаниците: 36 женски (51%) и 35 машки (49%) *9% или 7 од вкупниот број на испитаници не го наведоа својот пол.

Период на истражување: Септември – Октомври 2010

Во првата област, 25% од испитаниците одговориле под а), а 75% одговориле под б) на првото прашање.

Додека на второто прашање, 18% одговориле под а), 18% одговориле под б) и 64% одговориле под в).

На третото прашање, дури 90% одговориле точно, додека 10% одговориле со неточно.

Во втората област, на првото прашање 38% одговориле со ДА, додека 62% одговориле со НЕ.

На второто прашање од оваа област, 79% одговориле со ДА, додека 21% одговориле со НЕ.

Во третата област, 90 % од испитаниците дадоа делумно точни одговори за тоа како се пренесува ХИВ, додека 10% одговориле точно на прашањето.

На второто прашање од оваа област, 52% делумно одговориле на прашањето, додека точно одговориле 48%.

Во последната област, на првото прашање под а) одговориле 12% од испитаниците, под б) 1%, а под в) 87% .

На второто прашање, под а) одговориле 1% од испитаниците, само под б) 72% и скоро 97% од испитаниците го заокружиле кондомот заедно со некои од останатите предмети за заштита од ППИ, под в) немаше одговори од испитаниците, како и под г).

Области на истражување:

Основни познавања на целната група за СИДА, ХИВ и ППИ:

  1. СИДА-та е:

а) Вирус – одговориле 9 женски (25 %); 9 машки (26%)

б) Болест – одговориле 27 женски (75 %); 26 машки (74%)

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 6 одговориле под а) и еден под б)

  1. ХИВ е:

а) Исто што и СИДА – одговориле 5 женски (14%), 8 машки (23%)

б) Бактерија што предизвикува СИДА – одговориле 4 женски (11%), 9 машки (26%)

в) Вирус што предизвикува СИДА – одговориле 27 женски (75%), 18 машки (51%)

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 4 одговориле под б) и 3 под в)

  1. Полово преносливи инфекции (ППИ) се инфекции кои се пренесуваат по сексуален пат (орален, вагинален и анален), иако некои ППИ се пренесуваат и по крвен пат:

а) Точно – одговориле 31 машки (89%), 33 женски (92%)

б) Неточно – одговориле 4 машки (11%), 3 женски (8%)

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 6 одговориле под а) и еден под б)

Мислења на целната група за ХИВ-позитивните личности:

  1. ХИВ-позитивна личност лесно може да биде препознаена од околината:

а) ДА – одговориле 12 машки (34%), 15 женски (42%)

б) НЕ – одговориле 23 машки (66%), 21 женски (58%)

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност еден одговорил под а) и 6 под б)

  1. ХИВ-позитивните личности треба да ги имаат истите права како и сите луѓе, да бидат целосно прифатени и интегрирани во општеството:

а) ДА – одговориле 30 машки (86%), 26 женски (74%)

б) НЕ – одговориле 5 машки (14%), 9 женски (26%)*

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 5 одговориле под а) и 2 под б)

Основни познавања на целната група како се пренесува и како доаѓа до инфицирање со ХИВ:

  1. ХИВ се пренесува преку:

*бидејќи беа понудени повеќе точни одговори, дел од испитаниците дадоа целосни одговори, дел делумни или нецелосни одговори

а) 31 испитанички или 86% дадоа делумно точни одговори на прашањето, притоа додавајќи дека ХИВ може да се пренесува преку пот, солзи и плунка.

б) 5 испитанички или 14% дадоа точни одговори наведувајќи дека ХИВ се пренесува преку крв, сперма, вагинален секрет и мајчино млеко.

в) 34 испитаници или 97% дадоа делумно точни одговори на прашањето, притоа додавајќи дека ХИВ може да се пренесува преку пот, солзи, плунка и вода.

г) 1 испитаник или 3% даде точен одговор наведувајќи дека ХИВ се пренесува преку крв, сперма, вагинален секрет и мајчино млеко.

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност сите 7 дале делумно точни одговори.

  1. Може да се инфицирате со ХИВ:

*бидејќи беа понудени повеќе точни одговори, дел од испитаниците дадоа целосни одговори, дел делумни или нецелосни одговори

а) 21 испитаници или 60% дадоа делумно точни одговори за тоа како може да се инфицираат со ХИВ, притоа наведувајќи дека можат да се инфицираат доколку не се вакцинираат против СИДА, не ги мијат рацете после користење на тоалет или се бакнуваат (во образ) со ХИВ-позитивна личност.

б) 14 испитаници или 40% дадоа точен одговор за тоа како можат да се инфицираат со ХИВ, наведувајќи дека може да дојде до инфекција доколку се има незаштитен сексуален однос со ХИВ инфицирана личност или се користат нестерилизирани (претходно користени) игли и шприцеви.

в) 16 испитанички или 44% дадоа делумно точни одговори за тоа како може да се инфицираат со ХИВ, притоа наведувајќи дека можат да се инфицираат доколку не се вакцинираат против СИДА, не ги мијат рацете после користење на тоалет или се бакнуваат (во образ) со ХИВ-позитивна личност.

г) 20 испитанички или 56% дадоа точен одговор за тоа како можат да се инфицираат со ХИВ, наведувајќи дека може да дојде до инфекција доколку се има незаштитен сексуален однос со ХИВ инфицирана личност или се користат нестерилизирани (претходно користени) игли и шприцеви.

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 3 имаат точен одговор, а 4 делумно точни одговори.

Основни познавање на заштита на целната група:

  1. Како да дознаеш дали си ХИВ-позитивен, правејќи:

а) обична крвна слика – одговориле 7 машки (20%), 1 женско (3%)

б) рентгенска слика – одговориле 1 машко (3%), 0 женски

в) специфичен тест на крвта – одговориле 27 машки (77%), 35 женски (97%)

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност еден одговорил под а) и 6 под в)

  1. Кои од наведените средства штитат од ППИ:

а) таблети за контрацепција* - одговориле 1 машко (3%)

б) кондом* – одговориле 25 машки (71%), 26 женски (72%)

в) дијафрагма*

г) спирала*

*останатите 26% или 9 машки заокружиле повеќе одговори заедно, од кои 4 машки заокружиле кондом и таблети за контрацепција, 4 машки заокружиле кондом и спирала, 1 машко заокружил таблети за контрацепција и спирала.

*останатите 28% или 10 женски заокружиле повеќе одговори заедно, од кои 2 кондом и спирала и 8 таблети за контрацепција и кондом.

*од 7-те кои немаа ставено полова припадност 3 немаа одговорено на прашањето и 4 под б)

Одговорно лице за податоците: Билент Кундевски, младински координатор за проектот

Обработка на податоци: Мустафа Јакупов