Thursday, December 23, 2010

РРОМА истражување во Кочани

СИДА-та не знае да дискриминира ... Заштитете се!

Локација: Општина Кочани, Ромска заедница, Средно училиште

Целна група: Млади и Возрасни од РЗ (Ромската заедница) и ученици во средното училиште на возраст од 17 до 47 години.

Испитаници: 29, анкетирани со анкетен прашалник. * Поради настанатиот инцидент, додека се вршеше анкетирањето бројот на анкетирани лица е значително намален.

Просечна возраст: 18 години.

Полова струкутура на испитаниците: 2 женски (7%) и 27 машки (93%)

Период на истражување: Септември – Октомври 2010

Во првата област, 100% од испитаниците одговориле под а), а 0% одговориле под б) на првото прашање.

Додека на второто прашање, 3% одговориле под а), 0% одговориле под б) и 97% одговориле под в).

На третото прашање, 100% одговориле точно.

Во втората област, на првото прашање 3% одговориле со ДА, додека 97% одговориле со НЕ.

На второто прашање од оваа област, 79% одговориле со ДА, додека 21% одговориле со НЕ.

Во третата област, 90 % од испитаниците дадоа делумно точни одговори за тоа како се пренесува ХИВ, додека 10% одговориле точно на прашањето.

На второто прашање од оваа област, 62% делумно одговориле на прашањето, додека точно одговориле 38%.

Во последната област, на првото прашање под а) одговориле 10% од испитаниците, под б) 0%, а под в) 90% .

На второто прашање, под а) одговориле 0% од испитаниците, само под б) 93% и скоро 7% од испитаниците го заокружиле кондомот заедно со некои од останатите предмети за заштита од ППИ, под в) немаше одговори од испитаниците, како и под г).

Области на истражување:

Основни познавања на целната група за СИДА, ХИВ и ППИ:

  1. СИДА-та е:

а) Вирус – одговориле 2 женски (100 %); 27 машки (100%)

б) Болест – одговориле 0 женски (0 %); 0 машки (0%)

  1. ХИВ е:

а) Исто што и СИДА – одговориле 1 женско (50%), 0 машки (0%)

б) Бактерија што предизвикува СИДА – одговориле 0 женски (0%), 0 машки (0%)

в) Вирус што предизвикува СИДА – одговориле 1 женско (50%), 27 машки (100%)

  1. Полово преносливи инфекции (ППИ) се инфекции кои се пренесуваат по сексуален пат (орален, вагинален и анален), иако некои ППИ се пренесуваат и по крвен пат:

а) Точно – одговориле 27 машки (100%), 2 женски (100%)

б) Неточно – одговориле 0 машки (0%), 0 женски (0%)

Мислења на целната група за ХИВ-позитивните личности:

  1. ХИВ-позитивна личност лесно може да биде препознаена од околината:

а) ДА – одговориле 1 машко (4%), 0 женски (0%)

б) НЕ – одговориле 26 машки (96%), 2 женски (100%)

  1. ХИВ-позитивните личности треба да ги имаат истите права како и сите луѓе, да бидат целосно прифатени и интегрирани во општеството:

а) ДА – одговориле 22 машки (82%), 1 женско (50%)

б) НЕ – одговориле 5 машки (18%), 1 женско (50%)

Основни познавања на целната група како се пренесува и како доаѓа до инфицирање со ХИВ:

  1. ХИВ се пренесува преку:

*бидејќи беа понудени повеќе точни одговори, дел од испитаниците дадоа целосни одговори, дел делумни или нецелосни одговори

а) 2 испитанички или 100% дадоа делумно точни одговори на прашањето, притоа додавајќи дека ХИВ може да се пренесува преку пот, солзи и плунка.

б) 0 испитанички или 0% дадоа точни одговори наведувајќи дека ХИВ се пренесува преку крв, сперма, вагинален секрет и мајчино млеко.

в) 24 испитаници или 89% дадоа делумно точни одговори на прашањето, притоа додавајќи дека ХИВ може да се пренесува преку пот, солзи, плунка и вода.

г) 3 испитаници или 11% даде точен одговор наведувајќи дека ХИВ се пренесува преку крв, сперма, вагинален секрет и мајчино млеко.

  1. Може да се инфицирате со ХИВ:

*бидејќи беа понудени повеќе точни одговори, дел од испитаниците дадоа целосни одговори, дел делумни или нецелосни одговори

а) 16 испитаници или 59% дадоа делумно точни одговори за тоа како може да се инфицираат со ХИВ, притоа наведувајќи дека можат да се инфицираат доколку не се вакцинираат против СИДА, не ги мијат рацете после користење на тоалет или се бакнуваат (во образ) со ХИВ-позитивна личност.

б) 11 испитаници или 41% дадоа точен одговор за тоа како можат да се инфицираат со ХИВ, наведувајќи дека може да дојде до инфекција доколку се има незаштитен сексуален однос со ХИВ инфицирана личност или се користат нестерилизирани (претходно користени) игли и шприцеви.

в) 2 испитанички или 100% дадоа делумно точни одговори за тоа како може да се инфицираат со ХИВ, притоа наведувајќи дека можат да се инфицираат доколку не се вакцинираат против СИДА, не ги мијат рацете после користење на тоалет или се бакнуваат (во образ) со ХИВ-позитивна личност.

г) 0 испитанички или 0% дадоа точен одговор за тоа како можат да се инфицираат со ХИВ, наведувајќи дека може да дојде до инфекција доколку се има незаштитен сексуален однос со ХИВ инфицирана личност или се користат нестерилизирани (претходно користени) игли и шприцеви.

Основни познавање на заштита на целната група

  1. Како да дознаеш дали си ХИВ-позитивен, правејќи:

а) обична крвна слика – одговориле 1 машко (4%), 0 женски (0%)

б) рентгенска слика – одговориле 0 машки (0%), 0 женски (0%)

в) специфичен тест на крвта – одговориле 2 машки (96%), 2 женски (100%)

  1. Кои од наведените средства штитат од ППИ:

а) таблети за контрацепција

б) кондом* – одговориле 25 машки (71%), 2 женски (100%)

в) дијафрагма

г) спирала*

*останатите 7% или 2 машки заокружиле повеќе одговори заедно, од кои 2 машки заокружиле кондом и спирала.


Oдговорно лице за податоците: Мики Митевски, младински координатор за проектот

Обработка на податоци: Мустафа Јакупов