Thursday, December 30, 2010

Резултати од истражувањето за ХИВ/СИДА

РРОМА организираше истражување во рамките на својот проект од MTV SAF, податоците беа објавувани на блогов.

Вкупните резултати изгледаат вака:

Анкетирани беа 486 лица.

291 или 60% од нив знаат што е СИДА, а 338 или 70% знаат што е ХИВ. 453 лица или 93% одговориле точно за прашањето за ППИ (Полово-преносливи инфекции). Сепак, 77% од вкупниот број на испитаници не знаат за СИДА/ХИВ и ППИ.

312 или 64% од испитаниците велат дека ХИВ позитивно лице не може да биде препознаено од страна на околината, а пак 369 или 76% велат дека ХИВ позитивните лица треба да ги уживаат истите права како и останатите. Но, сепак вкупно имаме 60% од испитаниците кои не мислат исто како претходните свои сограѓани.

114 или 23% дадоа точни одговори за тоа како доаѓа до пренесување на ХИВ, а 231 или 48% дадоа точни одговори за тоа како доаѓа до инфицирање со ХИВ. Сепак, над 77% не знаат точно како доаѓа до пренесување и инфицирање со ХИВ.

На 386 лица или 79% им е јасно дека треба специфичен тест на крвта за откривање на ХИВ вирусот. Интересен е фактот што 456 испитаници или 94% од нив го користат кондомот како заштита од ХИВ и останатите ППИ. Но, сепак доаѓа до мешање со останатите средства за контрацепција и истите се третираат како заштита од ППИ и ХИВ. Што пак укажува на тоа дека лицата кои беа анкетирани се сексуално активни, но возрасната граница е многу ниска, почнувајќи некаде околу 14 години.

На кратко тоа беа податоците од анкетирањето. За дополнителни информации можете да се обратите на РРОМА и тимот на координатори за проектот „Сидата не знае да дискриминира ... Заштитете се!“.